ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Нови греши во учебниците – сега во учебникот по географија

Јавноста наоѓа нови грешки во учебниците за основно образование. По грешките во учебникот по Историја и општество за петто одделение, се шират грешки во книгата географија за осмо одделение. Во втората тема од книгата „Социо-географски карактеристики и регионална поделба на Европа“ во наставната единица „Основни карактеристики на населението на Европа“ се вели дека лица од жолтата раса во Европа се: Финците, Унгарците, Турците, Татарите и други. Наставниците по овој предмет се револтирани од постојаните грешки, додавајќи дека го отежнуваат правилното изведување на наставата, и предизвикуваат збунетост кај учениците.

Advertisements

„Книгите со вакви грешки ни прават големи главоболки бидејќи ние, предметните професори, се обидуваме да објасниме една историска вистина, но од друга страна, кога децата и учениците се соочуваат со книгата пред себе што ја имаат дома, секогаш ни предизвикува главоболки затоа што кога ја објаснуваме вистината и дезинформациите што ги има во книгата се прави голема забуна кај учениците“, рече Мевлудин Сулејмани, наставник по историја.

Министерот за образование Јетон Шаќири за Алсат изјави дека до крајот на неделава ќе се соберат сите коментари пријавени за текстот Историја и општество за петто одделение. Педагошката служба ќе даде извештај врз основа на кој ќе се одлучи дали текстот ќе се повлече или ќе се интервенира со соодветни корекции. Шаќири, најави дека ќе бара и одговорност.

Од Алијанса за Албанците сметаат дека образованието во Македонија е во хаотична состојба, почнувајќи од предучилиште се до гимназија.

„Колку години треба да поминат за да се поправат книгите? Дали сте свесни за штетата што ја правите на оваа младина? Во ниту една од книгите што ги користат нашите ученици, ниту еден од првите автори не е Албанец. Замислете, 1/3 од населението со државен универзитет, со два државни педагошки факултети и со министри Албанци за образование скоро 20 години, немаме автор Албанец во ниту една објавена книга! Не дека немаме академици достојни да бидат автори, туку вие ги демотивиравте“, оценува Аријанит Река, АА.

Инаку, во книгата Историја и општество за петто одделение се вели дека Македонија граничи со Албанија на исток и Бугарија на запад. Меѓу другите грешки беше и претставувањето на Монт Еверест, каде што пишува дека има висина од 29.305 метри, додека неговата висина е 8.849 метри.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button