
Вработени во локалната самоуправа во Звечан дојдоа до општинската зграда, се обидоа да влезат, но полицијата ги запре на самиот влез, а во неколку обиди да упаднат во зградата, полицијата употреби солзавец.
Меѓународните мировни сили КФОР распоредија свои војници околу зградата на локалната самоуправа во Звечан, на Косово, а на самиот влез во зградата се и припадници на специјалните сили на косовската полиција со оклопни возила.
Полицијата распореди свои специјалци на сите поголеми раскрсници на северот на Косово, јавува Радио-телевизија Србија.
Неколку илјади Срби и утрово се собраа пред општинската зграда во Звечан и бараат повлекување на косовската полиција и новоизбраните албански градоначалници на неодамнешните избори, кои беа бојкотирани од мнозинството Срби.