Нови изводи, со стари грешки

Никако да се реши проблемот со правописните грешки во официјалните дописи, дури и во новите документи. Вчера министерот за правда Кренар Лога ги објави новите изводи на родени, венчани и починаи, но иако нови, овие документи ги имаат истите правописни грешки како и во старите, од пред неколку децении.
На пример, погрешно е напишано матична книга и наместо да пишува „librat am ë“, пишува „libri amzë“, што е грешка. Дополнително, во делот каде што се бараат лични податоци недостасуваат запирки и зборовите не се одвоени еден од друг.
Во земјава постои Агенција за примена на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните, но јавните институции речиси никогаш не ја користат за консултации. Од друга страна, член 19 од Законот за основање на оваа институција ја обврзува да помага во лекторирање на документите.
Член 19 од Законот за основање на Агенција за примена на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните:
„Агенцијата е надлежна за: Давање поддршка на институциите во исполнувањето на обврските кои произлегуваат од овој закон, вклучително и преводот и лекторирањето на документите, лекторирањето на сите акти објавени во „Службен весник“ на Република Македонија“.
АЛСАТ ја праша оваа институција за нивниот став за правописните грешки на албанскиот јазик во официјалните документи, како и за тоа колку јавните институции се консултираат во врска со ова, но досега не добивме одговор.
Иронично е што Северна Македонија се издвојува по високиот број вработени во јавните институции, но повеќето од нив очигледно имаат проблеми со правописот, исто така, експертите претходно сугерираа институциите да ангажираат јазични уредници.
Покрај споменатите грешки, институциите во земјава најчесто ја мешаат буквата „Ë“ со буквата „Е“, започнуваат реченици со мали букви, користат наводници каде што не треба и слично.
Ардит Рамадани