
Владата на Косово со цел спречување на епидемијата на коронавирус донесе одлука странските државјани кои влегуваат во Косово, вклучително и оние со привремен или постојан престој во Косово, а доаѓаат од земји со висок ризик мора да имаат негативен тест за ковид-19 не постар од 72 часа.
Од овие обврски се ослободени странски државјани кога влегуваат во Косово преку аеродром или копнени гранични точки и го напуштаат Косово во рок од три часа. Услов е тој да потпише изјава на влезот дека ќе го напушти Косово во рок од три часа.
Странски државјани кои се професионални превозници исто така се изземени, под услов да се придржуваат до меѓународниот протокол за транспорт за заштита од Ковид-19. Странските државјани кои минуваат низ Косово со организиран автобуски превоз или редовна меѓународна транзитна линија се исто така ослободени од овие обврски, под услов да се потпише изјава дека ќе го напуштат Косово во рок од пет часа.