Нови пожари беснеат, надлежните немоќни пред огнот
Нови пожари беснеат, надлежните немоќни пред огнот

Голем пожар избувна во Дојран, кој зафати неколку куќи и доведе до евакуација на жителите. Силниот ветер ги отежнува напорите на противпожарните екипи и локалните жители. Градоначалникот ја нарече состојбата алармантна поради доцнењето на воздушната интервенција. Првичните информации говорат дека пожарот започнал од депонијата во Карач и се проширил кон Стар Дојран.
Противпожарните екипи од Дојран, Валандово, Гевгелија и Струмица се на терен и се борат со пламените јазици. Во гаснењето на пожарот помага и локалното население, но силниот ветер предизвикува сериозни проблеми и го разгорува пламенот.
Пожари бесенат и во светиниколско. Пет лица од селото Стројменци кои биле заробени во пожарот се извлечени со хелихоптер.
Во справувањето со огнот во селата Орел, Ранчанци, се вклучени пожарникари, доброволци, месно население, вработени во државните институции.
Пожарите во Светиниколско се гаснат од земја и воздух, а општината со помош на населението обезбедува храна и вода за луѓето кои се борат со пожарите во оваа општина.
Штетите од пожарите дополнително ќе се утврдуваат, а според првичните проценки, изгорени се околу 40 куќи во селата Немањици, Малино и Орел. Има изгорено и стока, добиточна храна, а некои од селата останаа и без вода за пиење, како што е селото Немањица.
Ангелов повикува на зголемена внимателност. Вели дека подметнувањето пожари намерно може да се смета за обид за убиство.
Во земјава во моментов има 14 активни пожари. Температурите денеска се за околу 3 степени пониски во однос на претходниот ден, но сепак ветерот е активен, што значи дека се уште е присутна заканата од ширење на пламенот. /Alsat.mk