ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Нови пожари во околината на кумановско Старо Нагоричане

Во општина Старо Нагоричане која е во близината на Куманово вчерашните пожари беа ставени под контрола. Утрово се регистрирани два нови пожари, кои според градоначалничката на Нагоричане, Жаклина Јовановска, се закануваат со неконтролирано ширење. Јовановска бара интервенција од надлежните.
Помош од Словенија најави министерката за одбрана Радмила Шекеринска. По наредба на претседателот, Шекеринска изјави дека 1.200 војници се во состојба на готовност да интервенираат при ширење на пожарите.
Од пожарот кој вчера беше активен во Старо Нагоричане, главно беа регистрирани штети во планинските делови. Засега нема пријавено материјална штета за граѓаните.
Адриан Керими