ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Нови случаи на инфекција од вода во тетовско

Десет нови случаи со симптоми на труење од водата во селото Брвеница. Тие се жалат на повраќање, дијареја и високи температури, додека здравствената состојба на 60 други кои вчера беа затруени е стабилна.
Граѓаните се затруја пиејќи вода од пумпа која била во дефект. Дефектот бил отстранет по два дена, а од Институтот за јавно здравје по тестирање на примероците соопштија дека водата сега е безбедна за пиење со препорака да се додаде хлор.
Иако досега, повеќе од 100 лица настрадаа од труење со вода, министерот за здравство не беше информиран за случајот.
Башким Сулејмани