
Министерот за внатрешни работи на Косово, Џелал Свечла, денеска објави нови слики од терористичкиот напад врз косовската полиција во Бањска, Звечан.
На сликите се гледа и Милан Радоичиќ, потпретседател на Српска листа.
Прочитајте ја целата објава на министерот Свечла:
„На сликите подолу е Милан Радојчиќ, потпретседател на Српската листа, исто така дел од Црната листа на САД и Обединетото Кралство.
Главниот криминалец Радојчиќ беше водач на оваа терористичка група и на нападот во кој беше убиен полицаецот Африм Буњаку. Ова е уште еден доказ за неговата терористичка активност против Република Косово. Потпретседателот на Српската листа е водач на терористичкиот напад и на групата терористи.
Секојдневно се разјаснува картата на терористичкиот напад: Александар Вучиќ преку Српската листа, а тие преку нивниот потпретседател Радојчиќ, ја презедоа терористичката акција против правниот и уставниот поредок на Република Косово, обидувајќи се да ја дестабилизираат нашата Република. Значи, ЛС своето учество во Косово го гледа само на терористички начин. Не успеаја“.
Во меѓувреме, денеска ден на жалост прогласи Србија и Српска Листа.