ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Нови студентски стипендии во академската 2022-2023 година

Конкурсот за студентски стипендии на Министерството за образование и наука за академската 2022-2023 година, покрај сите досегашни, ќе понуди и две нови категории на стипендии кои се резултат на информациите за недостиг на кадар во одредени области, информира МОН.

Advertisements

Едната категорија ќе биде наменета за студентите запишани додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните високообразовни институции на студиските програми за преведување и толкување од македонски на албански јазик и обратно (мајчин јазик) и преведување и толкување од албански на македонски јазик и обратно (немајчин јазик).

Другата категорија ќе биде наменета за студенти на додипломски студии од прв циклус запишани на студиски програми по историја на уметност, археологија, ликовна уметност и етнологија и антропологија.

-Висината на двата вида стипендии ќе изнесува 6.050 денари месечно, а право на аплицирање имаат студентите кои постигнале особено висок успех во учењето од првата до тековно запишаната студиска година со најмалку 7,50 просечен успех, соопшти Министерството за образование и наука.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button