ЕКОНОМИЈА

Нови цени на горивата од полноќ: Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува

Од ноќеска на полноќ горивата ќе се продаваат по нови цени.

Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), бензините поевтинуваат за половина денар по литар, а цената на дизелот се зголемува за еден денар.

Па така, од полноќ литар бензин БС-95 ќе се продава за 76,50 денари за литар, бензинот БС-98 ќе чини 78,50 денари за литар, а литар дизел ќе се продава за 73,50 денари за литар. Екстра лесното масло за домаќинство ќе се продава по 73,50 денари за литар.

По повисока цена ќе се продава и мазутот кој поскапува за 0,424 денари, а еден килограм ќе чини 41,941 денари.

Од РКЕ велат дека со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,64 отсто.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button