ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Нови учебници за седмо одделение ни на повидок, од 1 септември ќе се учи од старите – обелодени министерката Јаневска

Уште првиот ден кога влегов во Министерството за образование и наука, прва задача ми беше да видам што се случува со учебниците. Иако имаше информации дека сè е во ред, за жал, тоа не беше така, открива министерката за образование и наука Весна Јаневска во гостување во емисијата „360 степени“ на МРТ 1. Проблемот, вели Јаневска, се јавува кај учебниците за седмо одделение, додека останатите веќе се дистрибуираат.

„За седмо одделение нема да печатат ниту еден единствен учебник, ниту еден не е предаден за печат, а колку што разбрав, за одреден број учебници процедурата не е завршена, некои не се напишани, кај некои не е помината рецензијата, не е поминато ниту во БРО, ниту во национална комисија, што значи дека апсолутно никаква, ни минимална шанса нема да се стигне, ниту за еден учебник до 1 септември“, рече Јаневска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button