СВЕТ

Новинар по грешка бил додаден во класифициран разговор меѓу високи американски функционери

Членови на Советот за национална безбедност на Соединетите Американски Држави (САД) ја користеле апликацијата Сигнал да разговараат за претстојната воена операција за напад на јеменските хути, а во групниот разговор со нив се нашол и новинарот Џефри Голдберг, главен уредник на „Атлантик“.

Advertisements

Во групниот разговор учествувале 18 претставници на американскиот државен врв, како министерот за одбрана Пит Хегсет, државниот секретар Марко Рубио, потпретседателот Деј-Ди Венс, советникот за национална безбедност Мајк Волц и други високи функционери.

Новинарот на „Атлантик“ објави дека бил додаден во група во која биле и потпретседателот Венс и министерот за одбрана, Хегсет, а во која биле објавени детални планови за нападот извршен на 15 март од страна на американската војска врз јеменските хути, и тоа два часа пред да бидат извршени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button