Новинари и политичари се сеќаваат на Кадриу
Новинари и политичари се сеќаваат на Кадриу

Здруженијата на новинари, политичари и други јавни личности изразија сочувство за смртта на заменик-главниот уредник на Алсат, новинарот Исуф Кадриу.
„Здружението на македонските новинари изразува длабоко сочувство за загубата на новинарот Исуф Кадриу и сочувство до неговото семејство и пријателите. Исуф Кадриу со години активно придонесува во работата на ЗНМ и беше активен член и воедно член на првиот управен одбор на Советот за етика во медиумите на предлог на ЗНМ“, велат од Здружение на македонски новинари.
„Здружението на новинари на Косово со длабока тага ја прими веста за смртта на долгогодишниот новинар Исуф Кадриу. Здружението на новинари на Косово изразува сочувство до семејството, пријателите и колегите на новинарот Кадриу“, велат од Здружение на новинари на Косово.
Сочувство изразија и партиските лидери.
„Исуф Кадриу беше почитувана личност, многу коректен и храбар новинар, познат по својот интегритет и професионалност. Неговата посветеност на вистинските вести и објективно известување го направија пример за сите нас. Загубата на Кадриу е голем удар за медиумите и нашето општество. Тој беше силен глас за демократија и транспарентност, секогаш одржувајќи високи професионални стандарди“, рече Изет Меџити, вицепремиер.
„Замина многу млад и ја споделувам болката со семејството, колегите и другите пријатели. Посветен новинар, со долгогодишно искуство и посветеност на професионализмот, кој со својата работа придонесе за најделикатните и најважните моменти за Албанците, започнувајќи ја својата кариера за време на војната во Косово и продолжувајќи со 2001 година и настаните потоа“, нагласи Зијадин Села, претседател на Алијанса за Албанците.
„Загуба што ме растажи и мене и цела земја затоа што почина човек со многу вредности и професионалец. Моето искрено сочувство до неговото семејство, пријателите и колегите!“, рече Арбен Таравари, министер за здравство.
На социјалните мрежи болката ја споделија и други новинари од земјава и странство како и други јавни личности./Алсат.мк