ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Новинари од Македонија навалија на вакцини во Врање

Во отсуство на анти-ковид вакцини во земјава, граѓаните почнаа да се вакцинираат во соседните земји. Оние со двојно државјанство се вакцинираат во Бугарија и Србија. Само денеска во Врање се вакцинираа 105 наши новинари.

Advertisements

„Ова беше организирано многу брзо, пред два дена ме прашаа дали сакам, затоа што се организира. Сакав, но малку се двоумев. Тоа беше. Се договоривме денеска да заминеме организирани со автобус.“

Од Здружението на новинари на Србија велат дека се солидаризирале по барање на Македонската асоцијација на новинари.

„Повикавме што поголем број наши колеги во Србија да се вакцинираат за да се спречи ширењето на пандемијата. Знаеме дека нашите новинари се на приоритетната листа и нашите колеги ја искористија оваа можност и се вакцинираа. Ги повикуваме и другите да дојдат и да се вакцинираат.“

Новинарите од Македонија во Србија се вакцинираат со Астра Зенека. Втората доза ќе ја примаат после 21 ден.

Од Министерството за здравство велат дека тие не организираат вакцинација во соседните земји. Продолжуваат преговорите за пристигнување на вакцини во следните недели.

Во меѓувреме, лекарите гинеколози во земјава, кои се дефицитарен кадар и ги има само околу 120, велат дека во последен момент биле информирани дека вакцинацијата за нив е откажана. Од Министерството за здравство велат дека одложувањето било направено поради новиот бран на вирусот.

Министерство за здравство

„Вакцинацијата на здравствените работници кои работат во ковид центрите во моментов е во тек и поради ризикот од заболување и сериозноста на епидемиолошката состојба и новиот бран што доаѓа, решивме да го одложиме вакцинирањето на гинеколозите за кратко време со цел да го заштитиме здравјето на сите оние кои обезбедуваат директна грижа за пациентите со Ковид-19.“

До денеска се вакцинирани 6.704 здравствени работници, 4.002 со прва доза Фајзер и 2.702 со Спутник. 2.572 ја примија и втората доза од Фајзер.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button