
Новинарите од цела Грција стапуваат во 24-часовен штрајк, приклучувајќи се на протестите и изразувајќи солидарност со граѓаните.
Новинарскиот штрајк започна денеска, 19 ноември 2024 година, во 5 часот наутро и ќе трае до истото време утре, 20 ноември.
Според одлуката на ПОЕСИ и другите синдикати, Синдикатот на новинари од Пелопонез, Епир и островите (ЕСИЕПИН) се приклучи на 24-часовниот протест организиран од Генералната конфедерација на грчките работници (ГСЕЕ). Штрајкот ги вклучува сите новинари и медиумски работници од весници, списанија, радио, телевизија, портали и новински агенции, како во јавниот така и во приватниот сектор, пренесува Cretapost.
Синдикатите го осудуваат одбивањето на работодавачите да преговараат за колективни договори, што доведува до ниски плати кои не ги покриваат основните животни потреби, особено во услови на висока инфлација. Дополнително, граѓаните се соочуваат со поскапувања на струјата, парното и основните намирници, што ја влошува финансиската состојба на работниците и хонорарците.