ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Новинарот Зоран Божиновски претепан пред куќниот праг

Вчера вечер е претепан новинарот Зоран Божиновски уредник на порталот „буревесник“. Тој со телесни повреди е пренесен во болница, објави Плусинфо.

Advertisements

Според првичните информации Божиновски бил претепан пред својата зграда.

-На Божиновски му е скршен носот и има други повреди на главата. Тој бил однесен во Клиничката болница Битола, каде му е укажана лекарска помош, а изутринава е пуштен на домашно лекување, но попладнево повторно мора да се јави во болница – изјавила за Плусинфо сопругата на Божиновски, Панда Солунчевска, која била со него за време на нападот.

– Се враќавме од пат во Скопје, каде што бевме со автобус. Напаѓачите очигледно точно знаеле кога ќе стасаме пред куќниот праг. Крвнички се нафрлија врз Зоран. Беа маскирани. Меѓу прстите на рацете имаа некакви метални додатоци. Мене не ме нападнаа. Ужасната, јас силно спискав и свикав и дури потоа тие го оставија Зоран претепан и тешко повреден – раскажува Солунчевска.

Настанот бил пријавен во полиција.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button