ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Новиот поглавар на ИВЗ: Промените беа неопходни, кредибилитетот почна да паѓа

Поглаварот на Исламската верска заедница Шаќир Фетаху, во емисијата 200 на Алсат, изјави дека промените во институцијата биле неопходни, бидејќи кредибилитетот започнал значително да паѓа. Новиот шеф на ИВЗ е подготвен да соработува со надлежните органи за откривање на можни финансиски злоупотреби во Заедницата. Според него, политиката немала влијание при изборот на нов поглавар и наведе дека нема да дозволи партиите да се мешаат во работата на ИВЗ.

Не случајно храбро реков дека ИВЗ им припаѓа на сите политички субјекти, таа е натпартиска, ќе биде во служба на некој политички субјект кога ќе станува збор за прашање поврзано со нашата нација, прашањето за јазикот, прашањето за националноста, кога тоа е универзална вредност. Бидејќи прашањето за јазикот, прашањето за националноста е прашање дадено од Бога и ние сме обврзани да го заштитиме со сите наши сили. Во моментите кога навистина ќе се бара ИВЗ со своите фактори да даде помош за прашања кои се навистина универзални, национални, а зошто да не и општествени, тогаш е сосема нормално да се прифатат такви барања, како што е Ковид-19.“

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button