Новиот состав на владата заедно со програмата за работа ќе бидат доставени до Собранието на 17 јуни
Новиот состав на владата заедно со програмата за работа ќе бидат доставени до Собранието на 17 јуни

Христијан Мицкоски на 17 јуни во својство на мандатар до Собранието ќе го достави предлогот за состав на идниот владин кабинет. Иако има уште 10 дена до изборот на Владата, се уште не се познати адресите на кои ќе бидат лоцирани новите министерства. Од ВМРО-ДПМНЕ се надеваат дека многу наскоро ќе бидат готови просториите на ресорите што ќе се формираат.
Мора да се најдат најмалку четири нови локации за новите министерства. Министерство за спорт, Министерство за енергетика, рудници и минерали, Министерство за дигитализација и Министерство за администрација. Неофицијално Министерството за спорт може да биде сместено во просториите на Агенцијата за млади и спорт, додека Енергетика ќе работи во просториите на Министерството за економија. Дури министерствата за Дигитализација и за Администрација може да делат исти простории.
Работните тела во Собранието ќе бидат поделени по принципот на број на пратеници, што според прогнозите на ВМРО-ДПМНЕ ќе раководи со над 10 комисии, ВЛЕН 3, Европскиот фронт и СДСМ со по 3 комисии и партиите ЗНАМ и Левица по една комисија. Се разговара и за поделбата на позициите на потпретседатели на Собранието. Еден ќе биде од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, а еден од партијата ЗНАМ./Алсат.мк
Адриан Керими