СВЕТ

Новиот тип коронавирус регистриран и во Турција

Петнаесет случаи на инфекција со новиот вид коронавирус, кој се појави во Велика Британија, откриени се во Турција, соопшти денеска турското Министерство за здравство.

Advertisements

Министерот Фахретин Коча изјави дека станува збор за патници кои престојуваале во Велика Британија, додавајќи дека пациентите се во карантин заедно со лицата со кои биле во контакт.

Турските власти од минатата недела бараат негативен тест за коронавирус за сите патници кои влегуваат во земјата.

Според официјалните податоци, 21.093 лица починале од коронавирус во Турција, иако скептици сметаат дека властите намерно го намалуваат бројот на смртни случаи и инфекции.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button