
Италијанскиот гигант Милан го ангажира Серџио Консеисао на тренерското столче, откако претходно беше отпуштен Пауло Фонсека, а новиот стратег веќе подготвил листа со потенцијални засилувања.
„Газета дело Спорт“ објави дека Консеисао сака да го ангажира крилниот напаѓач Пепе од Порто, стоперот Антонио Силва од Бенфика и Рандал Коло Муани од ПСЖ.
„Росонерите“ во моментов се наоѓаат на осмата позиција во Серија А со 27 освоени бодови по 17 одиграни кола.