МАКЕДОНИЈА

Новите имиња во владата се докажи професионалци, вели новата потпретседателка на СДСМ

Новите имиња во владиниот кабинет се докажани професионалци и носат нова енергија на политичката сцена, вели во своето вечерашно гостување во „Емисија 200“ на Алсат, Бисера Костадиновска Стојчевска, потпретседателка на СДСМ. Таа ги отфрла гласините дека тие се ангажирани за да се прикрие лошото досегашно владеење на СДСМ.

„Новите имиња се сите докажани професионалци во својата област. Како што кажа и мандатарот, Ковачевски, тоа се имиња коишто може да дадат придонес во ресорот кадешто се номинираат. Овие имиња носат нова енергија на политичката сцена и едно ново видување“, вели Костадиновска Стојчевска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button