Ново одложување на судењето за модуларната болница во Тетово

Роднините на жртвите од изгорената модуларна болница кои отидоа да дадат исказ во Основниот суд во Тетово, немаат доверба во правдата во државата. Тие велат дека за случајот треба да има и меѓународна истрага, бидејќи, според нив, не се обвинети сите одговорни за трагедијата. Револтирани се поради намерното одложување на судските рочишта.
„Се надеваме дека правдата ќе надвладее во земјава, но нема правда во оваа земја. Сепак, нема да застанеме тука, ќе продолжиме понатаму, бидејќи има голем синџир на оние што треба да бидат обвинети, не само овие тројца. Овде нема правда, тоа го видовме од многуте настани што се случија во оваа земја. Нема правда, но ние како членови на семејствата ќе се обидеме и се надеваме дека ќе успееме. Некој мора да одговара. Ќе побараме и меѓународна истрага“…
„Според државата, дали има потреба од меѓународна истрага каде болница ќе изгори за 3 минути? Дрво да ставиш во оган не гори за три минути. Нема логика да не се бара меѓународна истрага. Болницата се пеплоса за три минути. Правдата тука е гласот. Се подготвуваат година и пол. Зошто ги откажуваме рочиштата, кога штетата е направена, а одговорните остануваат на слобода? Кој ќе сноси одговорност за жртвите?“, реагираат роднини на настраданите.
Денешното рочиште беше откажано, бидејќи отсуствуваше второобвинетиот, поранешниот економски директор на тетовската болница, Артан Етеми. Следното судење ќе се одржи на 31 јануари.
Башким Сулејмани