ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Ново поскапување на горивата – дизелот рекордно поскап во однос на бензинот!

Регулаторната комисија за енергетика на денешната седница донесе нова одлука за цените на горивата во малопродажба со која се врши нивно зголемување.

Advertisements

Најголемо поскапување ќе има кај дизелот кој поскапува за 3 денари и ќе се продава по цена од 101,5 денари за литар.

Поскапување ќе има и кај бензините но помало, за 0,5 денари за литар. Со оваа измена Еуросупер БС 95 од ноќеска на полноќ ќе чини 89,5 денари за литар, додека Еуросупер БС 98 ќе се продава по цена од 92 денари.

Ова е првпат дизелот да биде поскап од бензинот за 12 денари по литар.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button