Ново судење за пожарот во модуларна-семејствата очекуваат правда
Ново судење за пожарот во модуларна-семејствата очекуваат правда

Роднините на починатите во модуларната болница ја поздравуваат одлуката случајот да се врати на повторно судење. Се надеваат дека вистината за овој случај конечно може да излезе на виделина. Мумин Исмаили, кој го загуби семејството во оваа трагедија, вели дека покрај повторното судење на случајот, истото треба да се прошири и на другите кои според него се виновни за трагедијата.
„Сметаме дека правдата доби зелено светло да излезе на виделина. Сакам да истакнам дека во оваа држава беа обвинети три лица, но нагласив дека има и други лица кои не се на обвинителна клупа, но по враќањето од Апелација на Гостивар верувам дека ќе има правда. Јас како Мумин, имам потенцирано на седниците каде е министерот, заменик-министерот за здравство, фирмата БРАКО или тие што ја поставиле струјата. Порака и за судот во Тетово, внимавајте да не згрешите како што се случи првиот пат и да трпиме. Нека излезе вистината еднаш засекогаш и виновниците да ја добијат заслужената казна“, рече Мумин Исмаили- роднина.
„Сакаме да го расветлиме случајот и да дознаеме која е вистината, веруваме дека сега можеме да имаме правда. Судот треба да се погрижи да открие која е вистината. Болницата исто така мора да биде одговорна, а не само да се гради и да прима луѓе“, рече Кание Селмани- роднина.
За разлика од членовите на семејството, жителите на Тетово немаат верба во правдата.
„Правда? Да видиме дали ќе има. Се надеваме дека ќе има правда, но знам, дури и за ова ќе треба многу време да оди. Кој и да дојде ќе биде ист, не ми се верува, тоа е“, изјави еден жител.
„Ако направат некакви промени, да, инаку не верувам, засега не, не верувам“, додаде друг жител.
Одлуката официјално стигна до тетовскиот суд во петокот. Од советот на Апелациониот суд истакнаа дека првостепениот суд не доставил одговор и дека нивната пресуда не е јасна и целосна во однос на исправноста и законитоста на кривичната постапка.
Предметот ќе оди на повторно судење откако Апелациониот суд во Гостивар делумно ја поништи првостепената пресуда со образложение дека во текот на судењето во Судот во Тетово не се на внимавало сите релевантни правни факти. Исто така, Апелација додава дека во текот на главниот претрес бил прекршен членот 408 од Законот за кривичната постапка, бидејќи Судот во Тетово во пресудата не ги расветлил фактите, ги одбил предлозите од странките, но и во делот на определување на казната.
На 8 септември 2021 година во пожарот што ја зафати модуларната болница во Тетово животот го загубија 14 лица, 12 пациенти и 2 членови на семејството на пациентите. Поранешните директори Бесими и Етеми во првата пресуда беа осудени на по 1 и пол година затвор, додека докторот Вучевски беше ослободен од обвиненијата. Болницата е казнета со 1 милион денари./Алсат.мк
Башким Сулејмани