Ново улично осветлување на неколку локации во Илинден

Поставена нова линија улично осветлување во населба Илинден на улиците „7”, „8”, „9”, „534” како и улица „19” во вкупна должина од 600 метри. Осветлувањето е во рамките на проектот „Илинден-Светла Општина”,информираат од општина Илинден.
-Проектот опфаќа проширување и модернизација на уличното осветлување, со поставување на нови линии на улиците во сите населени места, поставување на електрични столбови, зголемување на бројот на електрични светилки и тековно одржување на јавното осветлување, соопштуваат од општината.
Екипите на ЈКП „Илинден”, покрај активностите за поставување на нови линии за улично осветлување, вршат и докомплетирање на постојните линии и интервенции за отстранување на оштетените сијалични места при што се вградуваат нови, велат од општината