ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ново ветување за реновирање на стадионот во Тетово

Уште едно ветување за реновирање на стадионот во Тетово. Градоначалникот Биљал Касами, кој во предизборната кампања го ветуваше овој проект, сега уверува дека градежните работи ќе почнат во текот на оваа година. За разлика од порано кога се очекуваше да се најде инвеститор за стадионот, овој пат Касами вели дека тоа ќе го направи самата општина.

Advertisements

„Веќе го најдовме законското решение и работиме на формално-правниот аспект како да го објавиме јавно и да започнеме со реализација на проектот. Следните неколку дена сигурно ќе има решение и ќе го претставам пред јавноста. Останувам на ставот даден претходно дека наскоро или во текот на оваа година, ако сите работи одат според прогнозите, ќе започне средувањето на градскиот стадион“, рече Касами.

Но и покрај најавите што доаѓаат од општина Тетово дека наскоро или оваа година стадионот ќе почне да се реновира и ќе има сосема поинаков изглед, жителите се скептични. Тие не веруваат во ова ветување пред да почнат работите бидејќи ова ветување е многу старо кое остануваше само на зборови. Во меѓувреме, изгледот што градскиот стадион го доби поради невниманието на општината е она што го гледате зад мене, џунгла од ѓубре.

„Ние не веруваме дека ќе се направи, а тоа што треба треба. Не личи на град ова, катастрофа е. Ноќе и наутро загрозени сме од кучињата.“

„Одамна се вели дека ќе се среди, но ништо, не знам дали ќе се направи. Грешката беше што ги тргнавме кираџиите од овде“, рекоа жителите.

Инаку, според наши извори во општина Тетово, на градскиот стадион се очекува да се инвестираат околу 10 милиони евра, а покрај објектот на стадионот, се очекува да се прилагоди и просторот наоколу со паркинг местата, но и деловниот простор. Изградбата на стадионот се очекува да започне на почетокот на септември.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button