Новогодишната ноќ се дочека на плоштадот во Скопје
Новогодишната ноќ се дочека на плоштадот во Скопје

Новогодишната ноќ во поголем дел од главните градови помина во весела и празнична атмосфера. Голем број граѓани избраа да ја поминат новата година на плоштадите, наместо дома а за многу земји ова беше прв пат да не се ограничи прославата по пандемијата Ковид-19.
Стотици граѓани се собраа на скопскиот плоштад, уживајќи во вечерта со песните на неколку пејачи.
Главниот град на Албанија блескаше со различно осветлување и бои на украси. Забавата организирана од општина Тирана беше луксузна. Новата година се пречека и со голем огномет.
Во Приштина голем број граѓани дојдоа на плоштадите за да учествуваат на свеченостите организирани во пресрет на новогодишната ноќ. Во Приштина имаше огномет и настап на многу домашни пејачи.
Уште повеличествен беше пречекот на Новата година во Њујорк каде стотици илјади луѓе се собраа на проштадот Тајмс Сквер да прослават до раните утрински часови.
Во Лондон, пак, беше организиран огномет со две пораки, почит на покојната кралица како и шоу за поддршка на Украина.
И новогодишниот празник во Франција се прослави со пренесување на порака за поддршка на Киев. Потоа, илјадници граѓани останаа на плоштадот да слушаат музика и да се забавуваат.
Голем дочек беше организиран и во Дубаи, со стотици огномети и други претстави за граѓаните./Алсат.мк
Ардит Рамадани