СВЕТ

Новоизбраниот британски премиер пречека околу 45 шефови на влади

На четвртиот Самит на Европската политичка заедница во Велика Британија, новоизбраниот британски премиер пречека околу 45 шефови на влади за да разговараат за миграцијата, енергетската безбедност и заканата од Русија. Стармер рече дека Велика Британија планира да игра поактивна улога на светската сцена, особено кога станува збор за борбата на Украина против руската окупација.

Advertisements

„Мора да бидеме јасни. Украина се бори не само за украинскиот народ, туку и за европскиот народ, за слобода, демократија и владеење на правото. Нашата безбедност започнува во Украина. Уште еднаш му ветуваме на претседателот Зеленски дека ќе стоиме со Украина се додека е потребно“, рече Кир Стармер, премиер на Велика Британија.

Премиерот на Обединетото Кралство Кир Стармер најави распределба на 84 милиони фунти за справување со илегалната миграција.

„За да ја запреме илегалната миграција, треба да се справиме со неа во основата. Најавувам 84 милиони фунти ново финансирање за проекти низ Африка и Блискиот Исток. Ова вклучува хуманитарна и здравствена поддршка, обука за вештини, помош со можностите за вработување и пристап до образование“, додава Стармер,

Самитот на Европската политичка заедница, кој се одржа во Лондон, следната година ќе се одржи во Тирана. Албанскиот премиер Еди Рама оцени дека ова е уште еден значаен факт за новата позиција на Албанија на меѓународната сцена.

Алсат

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button