СПОРТФУДБАЛ

Новото правило стапува на сила: Голманите повеќе нема да задржуваат време

Новите фудбалски правила за сезоната 2025/26 станаа реалност бидејќи ИФАБ, телото одговорно за правилата на играта, официјално ги потврди промените.

Advertisements

Главната новина е кај голманите, бидејќи во иднина доколку голманот ја држи топката во раце подолго од осум секунди, судијата ќе досуди корнер.

Сегашното правило гласи дека судијата треба да досуди индиректен удар доколку голманот ја има топката подолго од шест секунди. Сепак, судиите ретко го почитуваа ова правило.

Почнувајќи од следната сезона, судијата ќе ги брои последните пет секунди, слично како во мал фудбал, а доколку истече времето, ќе биде досуден удар од аголот за противничката екипа.

ИФАБ им дозволи на националните асоцијации сами да одлучуваат дали одлуките на ВАР ќе им се објаснуваат јавно на навивачите и дали само капитенот може да зборува со судијата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button