ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Новото раководство на Државна лотарија побара да се направи ревизија

Новото раководство на Државна лотарија побара да се направи ревизија

Покрај ненадејното купување на терминали, кои беа платени двојно поскапо, постојат сомнежи за набавки и други сомнителни тендери во државната лотарија. Директорот на оваа институција, Александар Климовски, за АЛСАТ вели дека истражните органи ги земале сите документи и тие веќе се проверуваат.

Advertisements

Новото раководство на државната лотарија побара од Државниот завод за ревизија да испрати тим за спроведување на ревизија од почнувајќи од 2022.

Климовски рече дека преку новата систематизација ќе се преиспитаат и вработувањата во државната лотарија. Месец и половина, откако дојде новото раководство, се направи и скратување на договорите на дело. Од вкупно 70 вработени од оваа категорија, на 35 вработени им се прекинати договорите./Алсат.мк

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button