ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ножеви и мобилни телефони најдени и кај осуденици во прилепскиот затвор

Полициските служби во соработка со Управата за извршување на санкции извршија претреси во Казнено-поправниот дом Прилеп, со цел пронаоѓање недозволиви или забранети предмети кај лица осуденици кои се на издржување казна затвор.

Advertisements

Во координираната акција кај затворениците се пронајдени и одземени ножеви, мобилни телефони и полначи за мобилен телефон, како и парични средства во износ поголем од законски дозволениот кои осудените лица можат да ги поседуваат. Одземените предмети и се предадени на затворска служба за натамошно постапување.

„Овие претреси се во насока на превенција и спречување на вршење на кривични дела во казнено-поправните установи, со цел пронаоѓање на предмети кои се забранети за поседување согласно Законот за извршување на санкциите или се предмет на кривично дело извршено од страна на осудени лица од установата, а како резултат на продлабочената меѓуинституционална соработка“, се нагласува во соопштението од МВР.

Изминатите месеци се вршеа контроли во повеќе казнено поправни установи низ државата. Слична или полоша состојба беше констатирана при речиси сите досега направени претреси.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button