Нухиу: Државата не успеа да ги заштити жените од насилство
Нухиу: Државата не успеа да ги заштити жените од насилство

Во третиот дел од Програмата 200 беше поканет заменик-министерот за Правда Агим Нухиу со кој sе разговараше за подготвеноста на државата да им помогне на жртвите на семејно насилство.
Нухиу нагласи дека и покрај големиот број пријави во полиција, многу мал дел завршуваат на суд.
“Од 2016 година ние сме евидентирале 846 кривични дела, кои главно се однесуваат на насилството во семејство за да дојдеме до 2022 година, кога овие дела бележат раст во 1129, и во тој поглед има пријави. Фактот што нас не загрижува е дека само една третина од пријавите во полиција, се претвораат во судски процеси.
Дали значи ова дека државата тука потфрлува. Имаме раст на бројот на жртвите…
И токму тоа сакам да го кажам дека ние тука сме потфрлиле, поради тоа што во прв ред не сме дале финансиска поддршка, тоа што го спомнав претходно и е целта на овој закон што е тема на оваа дебата, што е тема на оваа дебата, затоа што ќе треба да има поддршка и за да се тропне на вратите на државата, независно и од другиот факт дека ние имаме 34 центри на Министерството за правда кои нудат и бесплатна правна помош на оваа категорија”, рече Агим Нухиу, заменик министер за Правда./Alsat.mk