Нухиу: Има граѓани кои воопшто не се обратиле за да побараат државјанство

Заменик министерот за правда Агим Нухиу во вечерашното издание на емисијата „Патот кон …“ изјави дека голем број граѓани не тропнале на вратата на Министерството за внатрешни работи за да бараат државјанство. Тој дури потенцираше дека во времето на Демократската унија за интеграција 13.000 граѓани добиле државјанство.
„Во Македонија има граѓани кои имаат хиберни интереси за државјанство, заспани интереси, ова значи дека има граѓани кои не тропаат на вратите на Министерството за внатрешни работи, а не можеме да знаеме колку албански граѓани имаат интерес за државјанство. Постојат и категории кои не покажуваат интерес за добивање државјанство. Останатите кои побарале државјанство го добиле. Не еден, не 100, не 1000, туку 13 000 Албанци имаат обезбедено државјанство во времето на ДУИ, во сите периоди“, рече Агим Нухиу, заменик министер за правда од редовите на ДУИ.