ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

НУК: Вирусот не се шири од угостителските објекти

Комисијата за заразни болести не предложи нови рестриктивни мерки по денешниот состанок. На сила, остануваат веќе усвоените мерки за заштита од КОВИД 19 – забрана за групирање на повеќе од четири лица во текот на целиот ден како и забрана за работа на угостителските објекти по 21 часот. Но, за разлика од Комисијата за заразни болести, крајно рестиктивни мерки предложи Независната угостителска комора (НУК). Нивниот предлог е за време на зимските месеци, целосно да се затворат, кафеаните, кафулињата и рестораните. Според нив само така ќе се докаже дека угостителството не е корона жариште.

Advertisements

„Со сигурност тврдиме дека угостителските објекти каде се почитуваат протоколите за работа, шансите за ширење на КОВИД 19 се сведени на минимум, односно се теоретски невозможни, затоа што постојат многу други места каде короната може многу полесно да се добие отколку во угостителски објект“, вели Здравко Јосифовски, НУК.

Анализите на Независната угостителска комора покажала, дека угостителството тоне во долгови а драстично се намалил и бројот на гости. За евентуалното затворање во следните месеци, бараат пари од владата – средства кои можеле да се најдат во неискористените сет мерки од претходните пакети за помош на економијата. Независната комора, за сега нема прецизни пресметки колкава ќе биде штетата доколку целосно затворат, ниту пак имаат прецизна калкулација колку пари се потребни доколу целосно затворат или колку пари од буџетот се потребни за да се конзервираат угостителските објекти до почетокот на пролетта.

Бојан Стојановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button