СПОРТФУДБАЛ

Њукасл се засилува на голманската позиција, првиот пик е голманот на Арсенал

Њукасл Јунајтед имаше лоша сезона по која не обезбеди учеството во европските натпреварувања за престојната 2024/25. Тимот од северот на Англија потфрли во одбраната, дел од играта од која прими 62 голови изминатата сезона па тимот веќе цели на промени за предизвиците кои следат.

Едно од засилувањата ќе биде и на голманската позиција каде приоритет за трансфер е голманот на Арсенал, Арон Рамсдејл. 26-годишниот aнгличанец го загуби местото во почетниот состав на „Tопчиите“ па настапи на само шест натпревари во Премиерлигата со што и самиот е расположен за промена на средината.

Сепак Арсенал нема по секоја цена да се откаже од 28 милионското засилување и за негов трансфер бара околку 25 милиони евра што претставува и проблем за Њукасл Јунајтед. Во случај да не стигне до услугите на Рамсдејл, премиерлигашот ќе проба да го откупи Џејмс Трафорд кој изминатата сезона ги бранеше боите на релегираниот Барнли.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button