ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Нуредини: 16 закони за животна средина чекаат година и пол во Собранието

За две недели, на 13 јули, ќе почне да се чисти линданот од Охис. Ова денеска на брифинг со новинарите го најави министерот за екологија, Насер Нуредини. Ќе се чисти само малата депонија во поранешниот хемиски гигант Охис, а за големата која е веднаш до неа, сè уште нема решение. Само за малата депонија ќе се платат 8,4 милиони евра, од кои 4 милиони евра се пари од грантови. Ќе се направи ремедијација на почвата и ќе се исчистат околу 1 500 тони опасен отпад.

Министерот Нуредини за в среда очекува во Собранието да се изгласа законот со кој се прогласува дел од Шар Планина за национален парк. Но, Нуредини негодува дека досега во Собранието не е изгласан ниту еден закон кој го има сработеното министерството за животна средина.

„Во мојот мандат министерството за животна средина и просторно планирање има изработено 16 закони. Од тие досега ниту еден не е поминат во Собрание. Имаме испратено предлог – закон уште пред 18 месеци“, вели министерот Нуредини.

Преку глобалните фондови за екологија и заеми ќе се градат трите регионални депонии кои не треба да ја загадуваат околината. За нив ќе се потрошат 55,3 милиони евра, од кои 38,7 милиони евра се грантови, а останатите 16,6 заеми. Регионалната депонија кај Русино ќе почне да се гради наредната година, а сè уште не се финализирани документите за другите две, онаа кај Свети Николе и третата која треба да биде лицирана во пелагонискиот регион.

Идната набавка на владини автомобили во кои се возат функционерите ќе бидат хибридни, а не дизел како сегашните, рече Нуредни на брифингот. А, граѓаните нема да може да увезуваат возила од странство кои се под Еуро 5 стандардот, додека возилата под овој стандард ќе се регистрираат поскапо.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button