ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Нуредини: Ги охрабруваме властите во Охрид и Струга да продолжат со отстранување на дивите платформи

Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини го поздрави денешниот старт на демонтирање на дивите платформи поставени на брегот на Охридското езеро повикувајќи ги општинските власти во Охрид и Струга да продолжат со активностите за отстранување на таквите објекти согласно препораките на УНЕСКО.
„Денеска во Струга се демонтираат платформите. Ги повикувам општинските власти во Струга и Охрид да ги прифатат нашите совети и советите од УНЕСКО за демонтирање на платформите“, рече Нуредини.