МЕТРОПОЛ

НВО-а бараат легализација на канабисот, 10 стебла за лек, 3 стебла за рекреација!

Невладините повторно го актуелизираат легалирањето на канабисот. Бараат да се формираат посебни агенција и институт за канабис во рамките на Министерството за земјоделство. Со легализацијата на канабисот според активистите, државата ќе има економски и здравствен бенефит. Тие барале средба во Владата, но досега никој не им ја отворил вратата.

Advertisements

„Легализација на канабисот како нормален тек по неговата декриминализација, дозволено одгледување до 10 стебла за медицински цели од лица коишто имаат медицинска потреба којашто државата ја препознава и до три растенија за рекреативна употреба, сето тоа со задолжителна регистрација при државно тело“, рече Јанаки Митровски, НВО Билка.

„Канабисот да може да се препишува и од приватно задравство, не само од јавно, бидејќи досегашната состојба бара само специјалисти лекари од јавното здравство да можат да го препишат канабисот во медицински цел“, вели Елена Митровска, НВО Билка.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button