
Американскиот помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања Џејмс О’Брајан изјави дека постои ризик на Балканот „некои локални битки да се претворат во политички пожар што ќе ги задржи државите во регионот“, пренесе Кликс.ба. Запрашан како гледа на безбедносната ситуација на Западен Балкан, О’Брајан рече дека регионот и припаѓа на Европа и „треба да оди напред“.
-Примарните ризици се во северно Косово и со заканите за отцепување во Босна и Херцеговина. Еден чекор што го направивме во текот на минатата година е дека НАТО е многу посилен и како примарна сила како дел од силите на ОН, КФОР, во северно Косово, но и како поддршка на ЕУФОР во Босна и Херцеговина, и мислам дека може да ги спречи малите локални банди да предизвикуваат насилство, мислам дека со тоа имаме можност за политички процес – тоа е дијалог, план за раст, рече О’Брајан.