ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Обезбедени учесниците во вооружениот инцидент во Љубош

Четворицата учесници во вооружениот инцидент што попладнево се случи во селото Љубош се обезбедени од полицијата, соопшти МВР.

Advertisements

Како што информираа од таму:

Денеска во 13.04 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред деловен објект во с.Љубош бил нарушен јавниот ред и мир помеѓу К.Н. и К.Х., од една страна и Н.Р. и М.Р., од друга, при што било употребено и огнено оружје. Притоа со повреди се здобиле К.Н. и М.Р., кои биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Чеитите лица се обезбедени, како и нивните возила и оружјето, а по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button