ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Обилните снежни врнежи го отежнаа сообраќајот во повеќе области во земјава

Обилните снежни врнежи го отежнаа сообраќајот во повеќе области во земјава

Обилните снежни врнежи го отежнаа сообраќајот во повеќе области во земјава. И покрај тоа што сообраќајот на некои патишта беше нормализиран по неколкучасовни блокади, некои патишта се уште остануваат непристапни. Најлоша е состојбата на Маврово. Екипите на Претпријатието „Државни патишта“ се на терен и продолжува чистењето на коловозите.

Advertisements

„Во општина Маврово-Ростуше на одредени места наврнаа и до 80 сантиметри снег. Паднаа десетици дрвја, блокирајќи го сообраќајот. Екипа на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта од утрото е на терен и ги отстранува паднатите дрвја. Главните патишта во моментов се расчистуваат според приоритетите. Возило од „Македонски патишта“ го чисти патот околу Мавровското езеро од страната на Бунец. Поради големото количество на снег се очекува повеќе време да трае чистењето на коловозите„, велат од Центар за управување со кризи.
Сериозна е состојбата и на планината Пелистер.

„Патот до хотелот „Молика“, како и до населбата на викендичките Ниже Поле е нечист. Возило на „Македонски патишта“ е заглавено на патот до хотелот „Молика“, а било испратено уште едно возило. Во чистењето на патот беа вклучени и екипи на „Нискогардба“ и вработени во хотелот„, велат од Центар за управување со кризи.

До 14:35 часот на патниот правец Тетово – Попова шапка, поради врнежи од снег е воведена забрана за сообраќај за сите возила. Подоцна Јавното претпријатие за одржување на регионалните патишта соопшти дека на патниот правец Тетово – Попова шапка, забрана за сообраќај е изречена само за тешки возила, додека за останатите возила е задолжителна употреба на зимска опрема.

„Јавното претпријатие за одржување на магистрални и регионални патишта соопштува дека патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража е нормализиран за сообраќај.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, додека сообраќајот на тешки возила е забранет на планинските превои Стража, Ѓавато и Маврово„, велат од Јавно претпријатие за одржување на магистрали./Алсат.мк

Авни Тахири

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button