МАКЕДОНИЈА

Објаснување од страна на Генералштабот за текст објавен на страната на Алсат

Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија реагира на изнесените наводи и го отфрла како некоректен и тенденциозен текст „ПРОФЕСИОНАЛЕН ВОЈНИК ЗАВРШИ ВО ПСИХИЈАТРИСКА БОЛНИЦА“ објавен во Вашето електронско издание на 07.05.2025 година.

Advertisements

(https://alsat.mk/mk/profesionalen-vojnik-zavrshi-vo-psihijatriska-bolnitsa/)

Конкретно во вашиот напис, во првиот параграф наведувате име и презиме на лице, припадник од Армијата а за кое ги немате добиено податоците од официјалните лица од Армијата. Следно во последниот дел од првиот параграф наведувате „Случајот го потврди и АРМ.“ со што изнесувате невистини.

Во вториот параграф нецелосно го објавувате одговорот од Армијата и затоа бараме истиот во целост да се објави. Во смисла на претходното Ве упатуваме на одредбите од Законот за заштита на личните податоци, заради негово доследно почитување и применување, а со цел заштита на интегритетот на припадниците на Армијата и водејќи сметка да не се наруши честа и угледот на Армијата.

Затоа инсистираме со овој допис и во идните комуникации, а се цел вистинито и навремено информирање на јавноста, нашите одговори да ги објавувате во целост и со идентична содржина, без менување на контекстот и суштината на одговорите и избегнување на прикажување на реалната состојба поврзана со одредена информација.

При ова нагласуваме дека Армијата секогаш е отворена за соработка во интерес на објективното и транспарентно информирање на јавноста.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button