ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Објавен е извештајот за првата година од мандатот на Гаши, се зборува и за уставни измени

Според објавениот извештај за едногодишната работа на претседателот на Собранието, Африм Гаши, парламентарната дипломатија беше во центарот на институционалната агенда на Собранието во текот на првата година од новиот мандат.

Advertisements

Според овој официјален извештај, извршени се 14 официјални посети на важни светски и европски центри, а одржани се околу 178 средби со делегации и амбасадори.

Дополнително, организирани се шест свечени приеми за колеги и шефови на држави.

Претставувајќи го извештајот на прес-конференција за медиумите, Гаши ги опиша овие бројки како посветеност за поставување на Собранието во поактивна позиција и достоен партнер на меѓународната сцена.

Понатаму, тој коментираше за парламентарната дипломатија и овие посети како обид да се помогне процесот на интеграција преку барање поддршка од меѓународни партнери.

„Сите го знаеме проблемот што го имаме со нашиот сосед, Бугарија, и непредвидливоста на прашањата што ги покренуваат во однос на идентитетските елементи со нашите македонски сограѓани, што секако ги имплицира сите граѓани и државата. Но, како Собрание, а и јас како претседател на Собранието, не стоевме настрана. Парламентарна дипломатија, видовте дека имавме зафатена агенда од посети на главните европски центри, со цел да се подготвиме и да побараме помош од нашите сојузници за надминување на оваа пречка. Затоа им кажавме дека сме подготвени да гласаме за уставните амандмани, само ни треба предвидливост во процесот. Бидејќи се плашиме дека ќе имаме уште една блокада по ова по идентитетските прашања. Сакаме да бидеме сигурни дека процесот нема да биде билатерализиран и ќе остане во рамките на Копенхашките критериуми“, нагласи Гаши.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button