ЕКОНОМИЈА

Објавен е јавен повик за дигитализација на пет општини

Центар Жупа, Боговиње, Свети Николе, Прилеп и Куманово се петте пилот општини во кои граѓаните ќе добијат можност електронски да плаќаат давачки кон општината, кон јавните претпријатија, онлајн да се пријавуваат за волонтери, без физички да мора да одат во општина. Фондот за технолошки развој заедно со УНДП, го отворија јавниот повик за домашните компании кои ќе можат да  аплицираат за да изготват алатка која ќе им помогне на општините да се дигитализираат. Целиот проект вреди близу 64 илјади евра, а парите се  обезбедени од УНДП.

Advertisements

„Решенијата ќе бидат целосно достапни за сите единици на локална самоуправа. Тоа значи еднаш кога ќе се развијат компаниите, ќе останат достапни за бесплатно имплементирање во сите останати општини.Повикот трае до 15 октомври и очекуваме решенијата да бидат развиени од рок на 30 дена“, рече Јован Деспотовски- Директор на ФИТР.

„Со јавниот повик кој го објавуваме денес заедно со Фондот, се надеваме дека ќе ја искористиме иновациската моќ на приватниот сектор за да развиеме дигитални алатки кои не само што ќе им помогнат на општините да продолжат ефикасно да работат во ограничувачките услови на пандемијата, туку исто така ќе ги направат јавните услуги попристапни и отпорни на идни кризи“, изјави Нарине Сахакјан- Претставничка на УНДП.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button