МЕТРОПОЛ

Објавен трејлерот за филмот „Rust“, обележан со трагичниот инцидент и смртта на снимателката

Филмот на Алек Болдвин, наречен Rust, конечно ќе биде објавен. Поминаа повеќе од три години од кога снимателката на филмот, Халина Хатчинс, трагично ја загуби животот на сетот, а сега конечно е објавен првиот трејлер за филмот.

Advertisements

Во трејлерот го гледаме Болдвин во улогата на одметникот Харланд Раст. Сценариото е поставено во 1880-те години и ја следи приказната за момчето без родители, што го игра Патрик Скот Мекдермот, кое е осуден на смрт откако случајно убил ренџер.

Трејлерот прв го објави магазин People, кој извести дека филмот ќе биде премиерно прикажан на 2 мај во одредени кино сали и на дигитални платформи. Продукцијата на филмот беше завршена во 2023 година, а режисер е Џоел Соуса.

Трагичен инцидент на сетот

Продукцијата на филмот Rust беше прекината во октомври 2021 година, откако Алек Болдвин случајно испука куршум од реквизитен пиштол кој содржел вистински куршум. При тоа трагично го загуби животот снимателката Халина Хатчинс, додека режисерот Џоел Соуса беше ранет. Болдвин беше ослободен од обвинувања, додека реквизитерка Хана Гутиерез-Рид беше осудена на 18 месеци затвор во април 2024 година за убиства по небрежност.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button