ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Облачно со повремен локален дожд со слаб интензитет
Облачно со повремен локален дожд со слаб интензитет

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремен локален дожд со слаб интензитет. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 7 до 12 степени.
Во Скопје времето ќе биде облачно со повремен слаб дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 10 степени. Во наредните денови следува период на претежно облачно време со релативно високи утрински и дневни температури.