ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Обновата на Универзалната сала во Скопје стои во место

Обновата на Универзалната сала во Скопје стои во место

Нема информации кога ќе продолжи реконструкцијата, односно изградбата на Универзалната сала во Скопје од почетокот, која беше опожарена во април минатата година. Иако за истото е дадена експертиза од приватен институт, Министерството за култура најави нови инспекции. Градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски, вината ја префрла на Град Скопје.

Advertisements

Алсат побара одговор и од Министерството за култура за гтоа како стојат работите, но засега нема одговор. Градот Скопје беше надлежен за оваа сала, но на крајот од својот мандат, поранешната министерка за култура, Бисера Костадинова Стојчевска, му ги пренесе надлежностите на Министерството. Со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт, министерот Зоран Лутков рече дека универзалната сала е незаконски одземена од градот Скопје, и дека реконструкцијата ќе продолжи откако ќе се надминат сите пречки.

Универзалната сала беше опожарена на 9 април минатата година, само еден месец откако почнаа градежните активности за нејзина реконструкција. Обновата на Универзална започна на крајот на мандатот на поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов во 2021 година. Со доаѓањето на градоначалничката Данела Арсовска, работите прекинаа и две години запреа сите активности. Со одлука на Владата, во 2023 година Министерството за култура ги презеде надлежностите на градот Скопје, додека во октомври минатата година поранешната министерка Костадиновска Стојчевска доби кривична пријава бидејќи не објавила нов тендер за изградба на салата./Алсат.мк

Зекирија Хаџиу

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button