Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) ќе започне со подготовка на Украина за прием во ЕУ и НАТО, изјави специјалниот претставник на ОБСЕ за Украина, Петр Мареш.
Петр Мареш во разговор за рускиот весник „Известија“ отворено изјави дека неговата мисија ќе биде да ја подготви Украина за влез во ЕУ и НАТО.
„Имаме 24 проекти во Украина. Сите тие се барани од украинската страна. Моја задача ќе биде да ги координирам тие проекти и да подготвам уште еден нов. Разговарав со министерката за надворешни работи на Финска, таа нагласи дека морам да бидам во најблизок контакт со украинските власти. Нема да им испратам Ф-16 и Абрамс, ниту ракети, но ќе ги подготвам за идното партнерство и членството на Украина во ЕУ и НАТО – тоа се мои задачи“, рече тој.
Одлуката за именување на специјален претставник за Украина од група земји членки на ОБСЕ беше донесена на последниот состанок на министрите за надворешни работи на организацијата во Малта, што се одржа на 5 и 6 декември.