МАКЕДОНИЈА

ОБСЕ-ОДИХР останува на препораката од 2017 г.: Еден отсто за независни листи е во согласност со добрите меѓународни практики

Канцеларијата за демократски институции и човекови права (ОДИХР) на ОБСЕ останува на препораката од 2017 г. во однос на прагот за поднесување независни листи, за која сметаат дека е во согласност со добрите меѓународни практики.

На прашање на „360 степени“ да ги коментираат предлог-измените на Изборниот законик, со кои се предвидува прагот за независни листи да биде два отсто од запишаните избирачи во општината, портпаролката на ОБСЕ-ОДИХР, Катја Андруш, одговори:

„ОДИХР навистина даде препорака за стандардизирање на потребниот број потписи за независни кандидати до 1% од запишаните гласачи. Како што рековме тогаш, ова е во согласност со меѓународната добра практика. Продолжуваме да ги следиме тековните дискусии за предложените измени во Изборниот законик и подготвени сме да ја разгледаме секоја предлог-регулатива на барање на властите“.

Предлог-измените на Изборниот законик експресно влегоа во собраниска процедура. Антикорупциската комисија, како и голем дел од граѓанските здруженија, реагира што воопшто се прават законски измени непосредно пред избори, како и што се подига прагот за поднесување на независни листи на 2 отсто. Од ДКСК предупредија дека власта не се придржува на препораките на ОБСЕ-ОДИХР.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button