МАКЕДОНИЈА

Обвинение за Силвана Бонева, земала пари со лажни сметки


Обвинителството бара да ѝ се суди на поранешната пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева. Скопското обвинителството денеска против неа поднесе обвинение до Кривичниот суд. Во него, обвинителството наведува дека Бонева го измамила Собранието и му доставувала лажни фискални сметки од патарини на релација Струмица – Скопје и назад за да присуствува на собраниските седници. Со ова, според обвинителството, на Бонева незаконски ѝ биле исплатени над 100.000 евра за патарини, а всушност таа била во Скопје каде имала станови, додека сметките ги земала од други лица кои патувале од Струмица до Скопје и назад. Инаку, откако ѝ заврши пратеничкиот мандат, Бонева беше член на Државната изборна комисија.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button